Пејачот Дадо Полумента неодамна за првпат зборуваше за сестра му Дајана. Рече дека од неа научил многу во животот, иако таа не може да зборува. Дадо првпат сподели и фотографија со неа од море.
„Му благодарам на Бога за ова искушение за целото семејство. Најмногу научивме од неа, која не може да зборува, не може да слуша, не може да се движи. Ова се посебни моменти за мене и моите најмили, кога можеме со вакви мали работи да ја направиме најсреќна. Моите две сестри, Дајана и Далида“, рече Дадо.
Во емисијата „На терапија со Слваица Џукиќ Дејановиќ, Полумента објасни штос е случило со Дајана.
„Дајана е мојата сестра која е родена како и секое друго нормално бебе. На три месеци имаше внатрешна температура 42, кога докторите ѝ дадоа погрешна инекција и ја парализираа со уште 60% од мозокот. Од тој момент низ годините почнаа да ѝ откажуваат функциите и мускулите. Последните 30 години таа е во количка. Не постојат зборови со кои би можел да ја опишам болката и страдањето, не толку моето колку на моите родитени и она низ кои таа помина. Многу е тешко кога зборувам за овие работи. Досега јавно никогаш не сум зборувал за мојот приватен живот“, рече Полумента.