Почина 19. годишниот ракометар Андреј Петрески на РК Аеродром

Ракометарот Андреј Петрески почина утрово на 19 години. Андреј беше дел од клубот Аеродром, а веста ја објавија семејството и од неговиот клуб.

Во клубот настапуваше од најрана возраст, а беше и дел од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.

Погребот ќе биде на гробиштата во Камник, а претходно неговото семејство, пријатели, познаници ќе можат да се „поздрават“ со него (12:30 часот) во капелата на гробиштата во Бутел.

 

 

 

Scroll to Top