Тоде Волкановски од битолското село Бернаци, му ја честиташе титулата светски шампион во УФЦ на син му Александар Велики Волкановски. Александар го победи Јаир Родригез од Мексико и по петти пат го одбрани шампионскиот појас во категоријата до 66 килограми.
Борбата во Парадајс во Лас Вегас траеше само четири минути и 16 секунди, а беше прекината по серијата удари од Волкановски. За потсетување, ова е неговата 26 победа во кариерата. Има и два порази, а последниот беше крајно контроверзен од Русинот Ислам Махачев во категоријата до 70 кг.