Разделени од деца, Морин Годвин повторно по 54 години се сретна со брат ѝ Брајан Ноитон. Морин од 15 години живее во Северна Алабама, додека Брајан бил однесен во Англија. Уште како деца биле разделени, но никогаш не се заборавиле.
Морин пред три години контактираше со Брајан преку Ancestry.com. Првата средба им беше одложена поради глобалната пандемија, но сега конечно се сретнаа на меѓународниот аеродром Хантсвил во Алабама.
„Многу ми е убаво што те гледам. Како си? Те чекав толку долго“, рече Нојтон кога ја виде сестра му.
Тој планира да остане во Северна Алабама пет недели, како и за Денот на благодарноста. Рекоа дека сакаат да го надокнадат сето она што го пропуштиле по сите овие години.
Двајцата беа возбудени и емотивни поради долгоочекуваното обединување.
„Тоа беше прекрасен благослов. Ти благодарам, Исусе, што го најде мојот брат“, рече Годвин.