(Видео) „Место од спомени“ буди носталгија и емоции: Тамара Волеческа промовира нова песна

Младата пејачка Тамара Волеческа ја промовираше својата прва песна и спот на македонски јазик. Емотивната песна е насловена како „Место од спомени“, по текст на Тамара, музика на Весна Малинова и аранжманот е на Дарко Тасев.

Емотивното видео, но и песна, низ која речиси секој може да се врати во детство и времето на безгрижност, наиде и на многу позитивни коментари за пејачката.

Откако ја промовира на Јутјуб каналот, можеше да се прчиитат коментари од типот: „Секоја чест. Едно враќање на едно место од спомени. Ти си магија, Браво девојко“.

 

 

 

Scroll to Top