(Видео) Мајката на Наташа Беквалац ќе се откаже од ќерка и ако се омажи по четврти пат

Српската пејачка Наташа беквалац гостувала во емисијата на Огнен Амиџиќ заедно со пејачот Саша Матиќ за да ја промовираат нивната нова песна, во која пејачката се појавува со нов имиџ.

По гостувањето на Беквалац во Амиџи шоу, медиумите пишуваа за нејзината провокативна облека. Пејачката се појавила скоро целосно гола, облечена во проѕирен комбинизон.

За време на гостувањето на Беквалац во емисијата се вклучила нејзината мајка и рекла дека ќе се откаже од ќерката ако се омажи по четврти пат, а пејачката откри дека нејзината мајка не е обожавателка на нејзиниот предизвикувачки стајлинг. Наташа зборувала и за пластичните операции, и признала дека има корекции на градите, и денес се кае за тоа.

„Ги направив градите и се покајав. Да постои времеплов никогаш не би го направила тоа, би останала со природните гради. Постојано има некои компликации кога и да има естетска хирургија. Ништо не би менувала на мене“, рекла Наташа, која истакнала дека мисли дека сега изгледа најдобро и дека тоа е благодарение на тренинзите во теретана и здравата исхрана.

Иако истакна дека најмалку сака кога ја прашуваат за поранешните партнери, Огнен и постави прашање – кој од нејзините партнери најмалку и се допаѓа.

„Се најдобро за бившите, јас сум дама“, изјавила кратко и јасно Наташа Беквалац.

 

Scroll to Top