Се разведе Саша Јоксимовиќ, на бившата ѝ порача да продолжи да биде најдобрата мајка на светот

Актерот Саша Јоксимовиќ, брат на пејачот Жељко Јоксимовиќ, се разведе од сопругата Невена. Веста ја потврди на „Инстаграм“, каде ѝ порача на Невена да продолжи да биде најдобрата мајка на нивното дете.

Веќе некое време се шпекулираше дека двајцата ќе се разведат, а Јоксимовиќ на крајот ги расчисти сите недоумици и шпекулации.

„Сакам да ги известам сите дека јас и Невена повеќе не сме заедно. Секој по своите афинитети и доста е. Биди му најдобра мама на нашиот Илија, а и јас нема да бидам лош татко. Без коментар“, рече Саша.

За потсетување, со Невена неколкупати беа блиску да се разделат, но, секој пат тие ги негираа овие наводи. Актерот беше во брак со продуцентката две децении, а за тоа време го добија Илија.

Scroll to Top