Брачна двојка од Громачник во областа Славонија во Хрватска почина во ист ден откако беа 50 години в брак. Перо Илак (79) и девет години помладата Манда биле еден покрај друг до самиот крај, пишува „Плуспортал“. Прво починал Перо, а по неколку часса и неговата партнерка, пренесе „Н1“.
Нивните деца и внуци рекоа дека во еден ден неочекувано останаа без двајцата родители. Утеха им е што барем заминале заедно откако минале половина век.
Рекоа дека им ја пренеле меѓусебната приврзаност, верност и посветеност, особини што ги красеа до крајот и кои веројатно придонеле да не отидат на последното патување еден без друг.