На Џани му се слоши на настап и е итно хоспитализиран

Фолк пејачот Радиша Трајковиќ Дани синоќа поради силни болки го прекинал настапот во Белград. Извори блиски до него рекоа дека му скокнал шеќерот во крвта и дека морал итно да биде однесен во болница. На настапот имало повеќе од 1000 луѓе, пренесоа медиумите.

„Беше навистина лошо и немаше шанси да продолжи да пее. Веднаш го однесоа во болница каде му беше укажана прва помош. Подоцна состојбата му се подобри, но лекарите го советуваа да остане. Откако одби потпиша дека ја напуштил болницата на сопствен ризик“, рече изворот.

Џани подоцна повторно бил вратен во болница каде се уште е хоспитализиран.

„Во моментов му се прават сите анализи. Ова не е првпат да заврши во болница“, додаде изворот.

Неговиот менаџер Горан Лечиќ Лека потврди дека настапите ќе бидат откажани во наредниот период.

„Точно е дека Џани имаше здравствен проблем. Мораме да ги откажеме настапите кои се закажани за следниот период додека не се стабилизира неговата состојба. Ви благодариме на сите за разбирањето”, рече Лека.

И сопругата на Џани потврди дека имал проблеми со шеќерот.

 

Scroll to Top