Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, завршил во болница, наводно поради конфликтот што го има со Николина Пишек, вдовицата на неговиот покоен син Видоје Ристовиќ.
Како што се наведува во српските медиуми, му се слошило поради стрес бидејќи не е сигурен дали ќе може да ги врати 800.000 евра кои наводно ѝ ги позајмил на Николина за изградба и реновирање на вила во Загреб.
„Виктор е болен со денови. За се ја обвинува Николина и конфликтот што го има со неа. Особено се подготвува за почетокот на судскиот процес каде, како што вели, ќе ги изнесе сите докази што ги има против неа. Тој тврди дека кецот од ракавот му е тој наводен дневник со имињата на љубовниците на неговата снаа. Не сме го виделе тој дневник, можно е и се да измислил за да ја изнервира Николина. Тој е постар човек, сиот овој стрес откако почина Видоје многу го погоди, иако не сака да покаже“, пренесува Курир од доверлив извор.
Се огласи и самиот Миша Гроф од болница.
„Во болница сум поради стресот што ми го предизвика госпоѓица Николина. Секој ден одам на терапија и инфузии. Имам многу нешта да кажам, но во моментов не сум во состојба“.
За неговата состојба проговори и хрватската водителка Николина Пишек.
„Жал ми е за неговата состојба. Јас и Уна ќе се молиме за него“, рекла Николина.