Инфлуенсер во салон за автомобили се исмева со богатите Емирати: Ферари од 550.000 евра е премногу евтино за него

Инфлуенсерот Хамдан Ал Ринд, кој на социјалните мрежи се претставува како експерт за автомобили, направи скандал во изложбен салон за продажба на луксузни автомобили во Обединетите Арапски Емирати, поради што сега е баран од полицијата, пренесува Њу Јорк Пост.

Тој влегол во салонот за автомобили придружуван од две лица кои носеле палета со пари во рацете, а потоа инфлуенсерот почнал да се однесува грубо кон персоналот. Видеото е објавено на Тик ток, а полицијата на сцената гледа како исмејување на богатите Емирати. Инфлуенсерот дошол облечена во долга бела наметка како што ја носат мажите во Емиратите, очила за сонце и маска. Зборувал англиски со силен арапски акцент.

Мажот најпрво побарал од вработените да се јави на сопственикот на салонот, ставајќи им пари во рака за да си купат кафе. Потоа го прашал сопственикот кој е најскапиот автомобил во салонот.

Откако на инфлуенсерот му било кажано дека тоа е Ferrari SF90 по цена од околу 550.000 евра, тој коментирал дека автомобилот е премногу евтин и дека тоа е возило каков што ќе вози неговиот возач. Тој додадал дека сепак ќе купи Audi R8, Ferrari SF90, Mercedes-AMG SUV, Rolls Royce.

Иако од видеото се гледа дека се работи за местенка чија цел била да се исмева со културата на луксузни автомобили во Емиратите, полицијата сериозно ја сфатила ситуацијата, па го повикала сопственикот на салонот на разговор во полиција. Медиумите пишуваат дека вработените во салонот би можеле да бидат во неволја доколку се покаже дека доброволно учествувале во снимањето на наместеното видео.

Scroll to Top