Дара Бубамара неодамна повторно направи нова естетска интервенција, зголемување на градите и наместо седумка, вгради осмици. Како што пишуваат медиумите, пејачката тајно направила операција на градите и на пријателите им се пофалила дека е презадоволна.
„Дара ми рече дека е воодушевена од новите силикони. Иако нејзините гради се гигантски, кичмата воопшто не ја боли“, рече нејзина пријателка.
Дара уште повеќе ги подигна огромните гради и ги зголеми за одреден број. Па сега наместо седум, има осмици и е сопственичка на најголемите гради на естрадата.
Според медиумите за операцијата потрошила 4.500 евра, а познато е од претходно дека потрошила илјадници евра на операции. Новите гради на пејачката тежат 1,6 килограми. Дара секојдневно се фали на „Инстаграм“, а позираше во провокативен костим за капење.