(Видео) Едита без гаќички се замислува дека е Шерон Стоун

Едита Арадиновиќ пај ги изненади фановите прво со стари фотографии и покажа како изгледала пред естетските корекции, а сега во бел фустан ги прекрсти нозете како во легендарната сцена со Шерон Стоун во „Ниски страсти“. Многумина и коментираа дека не носела долна облека.

„Едита, без долна облека си. Па не носи гаќички или така ми се чини. Претерала. Ова е навистина премногу, нема потреба од вакво нешто“, биле само дел од коментарите на видеото на „Тик ток“.

За потсетување, пејачката неодамна се пожали дека не може да најде маж со кој ќе го помине животот.

„Барам свој сојузник, пријател, придружник, некој што ќе ме гледа со исти, но и со други очи, кој ќе има исти вредносни системи, да ги воспитуваме децата на ист начин. Да имаме многу деца. Значи, сакам да имаме многу деца, многу животни, да живееме во шума, во огромна куќа, со двор каде што ќе доаѓаат пријатели со деца , без деца, каде ќе се забавуваме. Тоа ќе биде огромно домаќинство“, рече пејачката.

„Секогаш би подготвувале добра храна. Многу сакам да готвам. Мислам дека совршено ќе готвам за моето семејство. Сакам некој да биде независен, да не биде мрзлив, папучар кој не излегува од дома, јас не го сакам тоа. Сакам храбар витез, домаќин, лудак кој е ист како мене“, додаде пејачката.

 

Scroll to Top