Тенисерот Димитар Грабул по пауза од шест години повторно ја освои шамионската титула во Македонија. По три години повторно играше во финале овој пат со Шендрит Деари по што стигна до седмата титула. Претходно ги освои во 2003, 2006, 2007, 2014, 2015 и 2016 година.
До победата стигна откако Деари поради повреда на грбот која ја доби на вчерашниот полуфинален меч против Стефан Мицов, мораше да го предаде мечот во вториот сет. Грабул претходно водеше во првиот сет со 6:1 и 3:0 во вториот. За Деари ова беше шесто финале.