(Видео) Морето исфрли мистериозен објект на плажа во Австралија

Мистериозн објект е откриен на плажата во Грин Хед, 250 километри од Перт во Западна Австралија.

Огромен метален цилиндар бил исфрлен на плажа во Западна Австралија, а жителите веднаш ја алармирале полицијата која упатила предупредување да не му се приближува и да го третираат како опасен предмет додека не утврдат за што точно се работи.

Огромниот цилиндар со бакарна боја изгледа делумно оштетен на видеата објавени на социјалните мрежи.

Полицијата веднаш ја отфрлила идејата дека доаѓа од исчезнатиот лет MH370, кој исчезна на пат од Куала Лумпур до Пекинг во март 2014 година.

Во истрагата се вклучи и Австралиската вселенска агенција.

„Агенцијата работи на потврдување дали објектот би можел да биде дел од странска вселенска ракета. Бидејќи потеклото на објектот е непознато, треба да се избегнува секое ракување или обид за поместување на објектот“, велат од Австралиската вселенска агенција.

Д-р Алис Горман рече дека верува дека објектот е цилиндар со гориво што бил дел од индиската поларна сателитска лансирачка ракета.

„Изненадувачки е бидејќи се работи за толку голем фрагмент“, рече таа, додавајќи дека ракетното гориво е доста токсично и добро е што луѓето не се доближуваат до објектот.

Горман рече дека верува оти цилиндерот најверојатно паднал по лансирањето некаде во последната деценија.

Scroll to Top