Разбојници ги соблекле Донарума и девојка му голи и им украле 500.000 евра од станот во Париз

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата партнерка биле нападнати и ограбени во нивниот стан во Париз. Кражбата била како на филм.  Откако ја обиле вратата, Џанлуиџи и жена му ги соблекле голи, ги натепале и ги врзале за да можат да оперираат по дома. На крајот си заминале со 500.000 евра.

Двојката успеала да се ослободи среде ноќ и се упатиле во луксузен хотел недалеку од нивниот дом. Персоналот на хотелот повикал полиција, а дваесет и четиригодишниот Италијанец и неговата партнерка биле однесени на лекување во болница. Истрагата за откривање на сторителите и нивно апсење е во тек.

За потсетување, голем број фудбалери на ПСЖ се соочуваат со кражби во Париз. Пред две години додека Ди Марија имаше натпревар, крадци му упаднаа дома во присуство на сопругата и децата и му украдоа кеш и работи во вредност од 500.000 евра. Беа фатени двајца и осудени на 4 години затвор.

Scroll to Top