Принцот Хари минатата година ја објави книгата со мемоари, а во неа многумина прочитаа скандалозни изјави и за кралското семејство, но и за неговиот приватен живот со Меган Маркл. Во книгата синот на Чарлс зборува за тешките денови кога го изгубиле бебето и кога Меган имала спонтан абортус во 2020.
Хари напишал дека заедно со Меган го погребале и дека тој самиот ископал дупка покрај едно дрво. Напиша и како се простиле од него.
„Излеговме од болницата со нашето неродено дете. Мало снопче. Отидовме на тајно место кое само ние го знаеме. Под големото дрво, додека Мег плачеше, ископав дупка со рацете и нежно го ставив во земјата”, напишал Хари, а за загубата не бебето претходно пишуваше и Меган
Таа ја објави тажната вест во ноември 2020 година кога напиша есеј за „Њујорк Тајмс“.
„Откако му ја сменив пелената на Арчи, почувствував остра контракција. Паднав на земја него во раце и потпевнував приспивна песна за да го смирам. Но, чувствував дека нешто не е во ред. Додека го гушкав син ми, знаев дека ќе го изгубам моето друго бебе“, напиша Меган.
Во средината на декември 2022 година, двојката ја објави документарната серија „Хари и Меган“ на „Нетфликс“. Во една од епизодите зборуваа за нивната загуба, а принцот упати неколку сериозни обвинувања до печатот.