Хрватската водителка Николина Пишек по Италија, сега ја шета Грција. Исто како и пред неколку дена во Рим, таа ги посети знаменитостите и другите убавини на Атина. Овој пат во друштво на нејзината пријателка, босанската водителка и новинарка Дејана Росуљаш.
И покрај високите температури, девојките се гостат на улиците на Атина. Сето тоа го прават во лесни летни комбинации бидејќи, како што откри Пишек, во Грција е и до 41 степен.
Водителката одбрала марама за на главата и лесен кус лелеав фустан.
„Се вративме во ресторанот што веќе ви го покажав во квартот Плака и вредеше, бидејќи храната е чиста 10-ка“, напиша Пишек на Инстаграм.