Српската старлета Маја Маринковиќ сака да го зголеми задникот, со операција за која ќе плати дури 4.000 евра. Веста ја потврди нејзин близок извор, кој рече дека веќе подолго време планирала да стави импланти.
„Веќе подолго време сакаше да ја направи операцијата. Чека дури од минатата година, но не успеа поради реалното шоу, па реши да се оперира летово. Не сака да тренира и така да ја одржува идеалната линија. Полесно ѝ е да оди под нож“, рече изворот.
Во моментов Маја е на одмор со пријателка, а штом се врати на почетокот на август, ќе оди на операција. Досега најголемиот дел од зафатите ги правела бесплатно, односно со компензација и рекламирање на клиниката или докторот кој ѝ корегирал нешто на лицето и телото.
„Но, и кога морала да плати неколку илјади евра, не ѝ било проблем. Сега доби голем попуст за оваа операција. Таа ми рече дека ќе стави висок профил тркалезни силиконски импланти. Така ќе дојде до израз нејзиниот тесен струк, но и градите кои исто така имаат силикон. Не сака да менува ништо друго на телото и ми рече дека ќе престане по оваа операција. Но, со неа никогаш не се знае“, рече изворот.
Маја пред операцијата ѝ се јавила на Тамара Ѓуриќ, која пред неколку години едвај преживеа поради силиконот во задникот.
„Тамара имаше компликации и едвај ја преживеа операцијата. Таа знае кои се најдобрите експерти во Србија за овие работи, а кои не треба да се консултираат. Затоа решила да се оперира кај лекар препорачан од Тамара“, додаде тој.
И Маја ја потврди веста дека ќе ставала силикони.
„Вистина е дека ставам силикони. Во моментов сум на одмор со другарка ми, па кога ќе се вратам, ќе го направам тоа. Штом го зголемам и подигнам задникот, нема да правам ништо друго“, рече Маринковиќ, а со коментар излезе и татко ѝ Радомир Таки Маринковиќ, кој рече дека може да прави што сака.
„Јас сум против таа операција, но што сака нека прави. Секогаш ја поддржував во сè. Ако сака, може да го оперира и мозокот. За мене таа е најубавата жена на светот и горд сум на моето дете. Мислам дека не ѝ треба операција“, рече тој за медиумите.