(Видео) Дамијано од „Манескин“ си го фаќал пенисот среде концерт, па плукал по публиката

Пејачот Дамијано Давид (24), вокал на италијанската група „Манескин“, на концерт ги згрозил своите обожаватели. На социјалните мрежи е објавено видео од Дамијано, направено за време на еден од последните концерти на групата „Манескин“.

На видеото се гледа како Дамијано го допира пенисот пред публиката, а во еден момент тој плукал вода во посетителите на концертот. Многумина во коментари напишале дека ваквото однесување е сосема непријатно и дека веќе не можат да го препознаат момчето кое ја освои европската публика во 2021 година со настапот на „Евровизија“.

„О, мајко, одвратно“, „Бедно“, „Колку е здодевен“, се само дел од коментарите под видеото кое било споделено од одредена девојка на „Твитер“. Иако многумина биле „згрозени“ од однесувањето на пејачот, некои обожавателки се согласиле дека Дамијано сè уште им бил привлечен.

Инаку, Дамијано по настапот на „Евровизија“ се стекна со титулата „миленик на жените“. Неговиот бенд, „Манескин“, за разлика од многумина кои се прославиле на овој фестивал и веднаш паднале во заборав – денес ужива статус на глобално популарен бенд и редовно се на светски турнеи.

Scroll to Top