(Фото) Куче скитник спаси бебе фрлено во контејнер

Куче скитник во Триполи, Либан, стана херој откако спаси напуштено бебе фрлено во ѓубре пред градска зграда. Случаен минувач слушнал плач од црна кеса за ѓубре што кучето ја држела во устата. Брзо реагирал, а бебето го однел во Исламската болница, а подоцна и во државната болница во Триполи.

Бебето имало околу четири месеци, но според некои медиуми било родено само неколку часа пред да биде напуштено. На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат тешки модринки по неговото лице и тело. За среќа било стабилна состојба, објави „Њујорк пост“.

„Кучето покажа вистинско сочувство за човечкото суштество“, рече човекот кој го најде бебето.

На социјалните мрежи многу корисници ја коментираа оваа шокантна ситуација. Други веднаш коментираа дека кучето покажало човечност, добрина, лукавство и интелигенција, дури и повеќе од некои луѓе.

Новинарот Гасан Рифи од Триполи бил запрепастен и зачуден од чинот на напуштање на детето и ја пофалил храброста и сочувството на кучето кое се обидело да помогне.

 

Scroll to Top