Северина Вучковиќ настапи во Цетиње по повод 210-годишнината од раѓањето на Петар Петровиќ -Његош. Во проектот на црногорскиот уметник Димитри Поповиќ беа претставени графичката карта „Aureole Microcosm“ и перформансот „Ноќта ги собира вековите“, за што ја ангажираше Северина, што предизвика негодување кај многу Црногорци.
Performans u Biljardi povodom 210 godina od rodjenja Njegoša. Zaplesala Severina. pic.twitter.com/WVFJtgcd3r
— Jafi (@javorkaf) July 25, 2023
Пејачката на концертот дојде во бел фустан, а потоа заедно со стиховите на Његош почна да го допира и крева фустанот, покажувајќи ги нозете, за што многумина ја критикуваа и го прогласија настапот за „непримерен“. На ова реагираа многу истакнати личности, меѓу кои и претседателот на книжевното друштво „Његош“ од Никшиќ, Милутин Миќовиќ
„Кога овој перформас би бил изведен некаде на брегот на Котор за туристи од брод за крстарење, за нив би се рекло – тие со ова прават за пари. Но, да се изведе на местото, каде што Његош го напиша „Горски венец “ и претрпе тешки маки со Црна Гора и окупаторите, е ужас“, изјави тој за „Спутник“.