Откако неодамна објави дека се разведува, Аријана Гранде (30) сега е видена како се забавува со глумецот Итан Слејтер со кого го сними мјузиклот Wicked. Засега не е познато колку време се двајцата во врска, а сопругата на Итан, Лили Џеј рече дека се чувствувала изневерено, пренесе „Дејли Мејл“.
Итан и Лили пред само неколку месеци добиле дете, а тој пред неколку дена ѝ побарал развод. За врската со Гранде ја известил уште пред јавноста да дознае за тоа. Аријана и Итан се запознале на снимањето на мјузиклот Wicked во декември 2022 година. Итан е познат по улогата на Сунѓерот Боб во истиот мјузикл.
За потсетување, Гранде неодамна се разведе од агентот за недвижнини Далтон Гомез. За разводот се дозна кога на Вимблдон се појави без бурма. Со Далтон беше од 2020 година.
Врската официјално ја објавија по излегувањето на нејзиниот спот за дуетот со Џастин Бибер, Stuck with you, а година подоцна се венчаа во нејзиниот дом во Монтесито во Калифорнија. Се венчаа пред само 20 гости.