(Видео) Забава за паметење: со хитови на легендарниот Оливер Драгојевиќ се славеше неговиот лик и дело на траект од Сплит до Вела Лука 

Со концерт на траектот „Корчула“, кој тргна од Сплит за Вела Лука, започна манифестацијата „Бескрајната патека“ на која петта година по ред се слави ликот и делото на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Атмосферата и годинава била одлична, патниците едногласно ги пееле хитовите на Оливер. Првата песна за загревање била „Све би да за ња“, а потоа следувала „Кој сум јас да ти судам“.

На траектот имало неверојатно позитивно лудило, никој од патниците и изведувачите не останал рамнодушен, емоциите си го направиле своето со безвременски хитови, на Драгојевиќ.

„Мојот галеб“ особено ја трогнача публиката. На траектот бил и бендот The Shades од Нов Зеланд, кој настапува секоја сабота.

За потсетување, верната публика на Оливер секоја година доаѓа во Вела Лука, а траектот во меѓувреме стана одлична сцена за концерт, но и за загревање за настаните што следат во наредните денови на островот Корчула.

Фото: https://www.jutarnji.hr/

 

Scroll to Top