Марго Роби со парите кои ги заработила од нејзината прва голема улога во Холивуд ги отплатила сите долгови на мајка ѝ

Марго Роби рече дека со парите кои ги заработила од нејзината прва голема улога во Холивуд ги отплатила сите долгови на мајка ѝ. Кога имала 20 години, тие се преселиле во САД каде продолжила со холивудската кариера. На почетокот ѝ било тешко кога добивала помали улоги.

Тогаш мајка ѝ Сари Кеслер подигнала кредит ѝ ја ставила куќата под хипотека за да ѝ помогне финансиски. Им се исплатело. По улогата во „Вистинскиот момент“, Марго доби уште една голема улога во филмот „Волкот од Волстрит“, на Мартин Скорсезе во 2013 година.

За овој филм добила голем хонорар и првото нешто кое го направила со заработените пари ѝ го исплатила целиот износ на заем на Сари.

„Мајка ми ја стави куќата под хипотека и ми позајми пари и секогаш знаев дека морам да ѝ ги вратам. Денот кога заработив доволно одма ѝ го отплатив целиот кредит. Ѝ реков дека повеќе не мора да се грижи за него. Искрено, секој на мое место би го направил тоа за својата мајка“, рече Маргот.

Сари во едно од интервјуата рече дека Маргот сакала да биде актерка уште кога имала 12 години.

„Мислев дека е тешко да се биде актер и да се заработат добри пари. Бев загрижена дека сака да тргне по пат кој, според мене, нема иднина. И сега може слободно да ми каже дека требало да имам повеќе верба во неа и во тоа што сакала да го постигне. Среќна сум затоа што го работи тоа што го сака, затоа што е независна и што отвори своја компанија“, рече Сари.

Scroll to Top