Ја испи втората чаша, не прегрна сите и си замина: Расел Кроу за последната средба со Шинејд О’Конор

Пејачката Шинејд О’Конор, која почина вчера на 56-годишна возраст, ќе остане во најубаво сеќавање на бројни уметници ширум светот кои имаа можност да соработуваат со неа или да ја запознаат. Актерот Расел Кроу е еден од нив. По веста за смртта на Шинејд се огласи на својот Твитер профил.

Тој се присети на нивната случајна средба еднаш во Ирска, а таа се претвори, како што вели, актерот, во момент за паметење. Тој ја сретнал О’Конор пред еден паб, а таа го препознала.

Решиле да влезат во пабот и да започнат разговор – тој пиел пиво, а таа чај.

„Во неврзан разговор, талкавме низ неодамнешниот топлотен бран во Даблин, локалната политика, американската политика, тековната борба за признавање на домородците на многу места, но особено во Австралија, до нејзиното топло сеќавање на Нов Зеланд, верата, музика, филмови и нејзиниот брат писател“, се сеќава Кроу.

Кроу исто така рече дека разговорот му дал „прилика да и каже дека таа е неговиот херој“.

„Кога ја испи и втората чаша, таа стана, не прегрна сите и си замина. Каква неверојатна жена“, напиша Кроу.

Scroll to Top