Невозвратената љубов ја туркаше во смрт: Мерјем Узерли денес е среќна мајка на две ќерки

Една од најпознатите турски актерки, на домашните гледачи попозната како Султанија Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“, често сака да прикажува нежни сцени со нејзините ќерки.

Мерјем Узерли овој пат на Инстаграм објави фотографија на која  таа и нејзините ќерки уживаат во кревет со домашниот миленик.

 

Узерли привремено го напушти актерството откако серијата „Сулејман Величествениот“ и донесе голема популарност на 28. години .  Имено, таа не можеше да го поднесе товарот на славата и тоа што луѓето премногу ја поистоветуваа со Хурем, што доведе до тоа да биде навредувана на улица. Пред неколку години се бореше со депресија, откако остана бремена со првата ќерка, а тогашниот дечко ја тераше да абортира, велејќи и дека не и треба бебето. Тој избега од неа, а таа  сепак ја роди ќерка си, иако во Анкара, за време на доделување на наградта за најдобра актерка, која ја освои, се обиде да се  самоубие.

По надминување на депрсијата, таа му се врати на актерството, а почна и да се занимава со манекенство.

Инаку, актерката живее во Германија, во близина на родителите и опкружена со блиски пријатели, кои и пружаат голема поддршка.

Во љубов се со актерот Чаглар Ертугрул со кого ја има помладата ќерка Лили Кои.

Scroll to Top