Се смирија Бред Пит и Анџелина Џоли и се договорија за лозјето

Бред Пит и Анџелина Џоли подолго време се на суд поради винарија во Франција. Сега се појавија информации дека судењето е при крај,  а двојката одлучиле да се согласат на посредување кое би можело да го реши спорот, пишува „Дејли Мејл“.

 

Најновите документи покажуваат дека двајцата се согласиле на посредување како алтернативен метод за решавање на спорот со винаријата Chataeu Miraval.  Џоли изјавила дека е подготвена да учествува во преговорите. Бред и Анџелина го купија францускиот замок во 2008 година за 25 милиони евра, а таму и се венчаа.

 

Драмата започна кога, набргу по разводот, Бред Пит ја обвини својата поранешна и нејзината инвестициска кампања дека организирале непријателско преземање на семејното лозје.

Актерката го продаде својот дел на извесен руски олигарх Јури Шефлер, кој тежи 1,5 милијарди долари, а американското министерство за финансии официјално го прогласи за олигарх во 2018 година.

Scroll to Top