Почина Бил Канингем, актерот кој го позајми гласот на Кен во рекламите за Барби во 60-тите

Бил Канингем почина на 96-годишна возраст во својот дом во Западен Холивуд, Калифорнија.

Познатиот актер првпат го позајмил гласот на познатиот Кен во рекламите за Барби во 1960-тите.

Тој беше и еден од ко-основачите на агенцијата за таленти – CESD Agency.

„Бил го постави шаблонот за клиенти и услуги на клиентите, особено во комерцијални, гласовни и печатени. Тој беше топол, дружељубив, елегантен човек кој позитивно влијаеше на сите оние што ги претставуваше и вработуваше. Беше чест да го познавам и да учам од него“, се вели во изјавата на партнерите на CESD, Кен Слевин и Пол Доерти, пишува Дејли Мејл.

Покрај актерството, тој имал и талент за пеење, настапувајќи со Валтер Шуман и шоуто на Ерни Форд во Тенеси. Тој се појавил на албумот „Barbie Sings“ од 1961 година, при што го синхронизирал гласот на Кен, додека гласот на Барби бил од Шарлот Остин.

Scroll to Top