Поранешниот директор на ЈАТ тврди дека двапати видел НЛО

Поранешниот директор на ЈАТ, Велибор Вукашиновиќ, тврди дека двапати имал средба со НЛО. Велибор кој е воен и пробен пилот во емисијата „Усијање“, отворено зборуваше за искуствата во врска со средбите со неидентификувани летечки објекти.  Откри дека во кариерата имал две такви средби.

„Првпат го видов во раните 80-ти. Тоа се случи на планината Ртањ, за време на еден тренинг лет. Од даелку видов НЛО над Топола кое се движеше полека“, рече Вукашиновиќ.

„Вториот пат беше со Радој Ракочевиќ, мојот тогашен студент. Седевме во борбен авион и летавме над Батајница кога видовме објект како лета над Хиподромот Панчевац. Беше сребрен, во елипсовидна форма. Ја информиравме контролата на летање и тргнавме кон него. Во еден момент ни исчезнува пред очите“, рече Вукашиновиќ.

За потсетување, неодамна се случи и првата јавна расправа во американскиот Конгрес за неидентификувани летечки објекти (НЛО). Расправата се случи по децении затскривање за ваквите таинствени објекти. Високи воени функционери кои истражувале НЛО сведочеа за теми кои биле чувани во тајност со децении. Тројцата зборуваа за тајната програма, средбите со НЛО, биолошкиот материјал наводно од нечовечко потекло, но и за стравот да зборуваат за ова, поради наводна одмазда.

Scroll to Top