Американската вселенска агенција НАСА, поради погрешна наредба го изгубила контактот со вселенското летало „Војаџер 2“, кое е оддалечено милијарди километри од Земјата.
Контактот го изгубиле минатиот месец, откако Војаџер погрешна наредба и ја навалил својата антена за два степана подалеку од Земјата. Леталото престанал да прима наредби и да испраќа податоци, а од НАСА се надеваат дека комуникацијата повторно ќе ја воспостават кога ќе го ресетираат системот во октомври.
За потсетување, Војаџер беше лансиран во 1977 година. Од Земјата е оддалечен 19,9 милијарди километри и во вселената се движи со брзина од над 55.000 километри на час. Неговата мисија во вселената трае веќе 46 години,