Една девојка неодамна на форумот на Редит сподели како го откажала состанокот со своето долгогодишно момче со кое требало да оди на кино за да го гледа филмот „Барби“. Таа се вознемирила што тој не сакал да носи розова кошула.
„Дали претерувам или тој греши“, прашала таа и истакнала дека штом и рекол дека нема да носи розово, таа се разочарала.
„Филмот Барби ми значи многу и со нетрпение го очекував. Затоа бев сигурна дека ќе се согласи кога ќе го замолам да дојде со мене и двајцата ќе облечеме розово. Ќе покаже дека ме поддржува и ќе бидеме забавни“, напишала таа.
Сепак, нејзиното момче и кажало дека со задоволство би отишол со неа, но не во розова облека.
„Му реков дека носењето нешто во одредена боја е минимален напор, но тој ми одговори дека „минимален труд е веќе за да го гледам филмот „Барби“… Дали претерувам или грешам?“, прашала таа.
Исто така таа објасни дека сите момци на нејзините пријатели исто така се согласиле да носат розово за оваа пригода, а истото би го направиле и нејзиниот татко и брат.
„Сакав да направам спектакл, да фотографирам. Фотографиите, се разбира, би биле само за нашите очи, а не за социјалните мрежи. Сепак, решив да ја откажам средбата со него бидејќи ми го уништи расположението“, напишала девојакта на форумот.
Во своите подоцнежни коментари, авторката додала дека не мисли дека бара многу од него и дека ако ја замоли да носи капа каква што носи Опенхајмер во филмовите, таа ќе го направи тоа без двоумење. Така е кога луѓето меѓусебно се почитуваат, заклучила таа. За помалку од 24 часа нејзината објава собра 7.700 коментари, а корисниците најмногу пишуваа дека девојката погрешила.
„Тој не е Кен. Тоа не е твој моден додаток и не мора да ти одговара”, „Како розовата кошула би била знак на поддршка“? Тоа е само филм!“, „Ми се допадна филмот и мојот партнер носеше розово, но затоа што сакаше. Да се тера некој да носи нешто што не сака да го носи е многу проблематично“, се дел од коментарите на објавата.
По неколкуте слични натписи кои не беа во нејзина корист, авторката ја избришала објавата, но коментарите не застанаа тука.
„Не мислам така: носењето розова кошула нема да го убие. А луѓето кои се однесуваат како да сакаат се чудни“, „Се согласувам, тие се алергични на забава! Сфаќам, и самата пораснав со Барби, па овој филм има посебно место во моето срце”, биле коментарите за поддршка.