Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“ е победник на традиционалниот мал пливачки маратон, познат како „Илиндински куп“ кој се одржа во Охридското езеро.
Евгениј маратонот го исплива со време 29:02:71 минути, пред неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ кој на целта стигна со време 29:02:98. Третото место во машка конкуренција го освои Кристијан Стојановски со време 29:23:46.