Новак Ѓоковиќ со синот Стефан на јавање коњи на Дурмитор

По Вимблдон, Новак Ѓоковиќ уживаше на одмор во Хрватска и Црна Гора, но не пропушти тенисерот и да ужива во планинскиот туризам.

Се појавија слики од посетата на Дурмитор, на Новак и неговото семејство. Тие биле во посета на етно селото Катун, каде меѓу другото со неговиот син Стефан уживале во јавање коњи.

„Драги пријатели, најдобриот меѓу еднаквите, Новак Ѓоковиќ, беше гостин во нашето домаќинство последните два дена. Пред се, голем човек, хуманитарец и најдобар спортист на светот, кој ја сака природата. Имавме можност да бидеме домаќини на него и неговото семејство, што е голема чест за секој човек“, напишаа од етно Катун Дурмитор.

Следниот предизвик на Ѓоковиќ е турнирот Мастерсот во Синсинати.

Scroll to Top