Јахтата на која Дајана, принцезата од Велс, го помина последното лето потона во Медитеранот.
Се верува дека јахтата „Куџо“, некогашна сопственост на Доди Ал-Фајед, била пробиена откако удрила во неидентификуван објект во близина на Болие-сур-Мер на француската ривиера.
Седум лица на бродот биле евакуирани со гумени чамци на надувување, но јахтата потонала и завршила на длабочина од најмалку 2.430 метри, и покрај обидите за спасување, пишува магазинот „Тајмс“.
Последниот сопственик на јахтата бил Италијанец со куќа на францускиот брег. Во моментот на несреќата тој се обидел и не успеал да ја испумпа водата, јавуваат француските медиуми. Втор обид бил направен со влечење, но безуспешно.
„Куџо“ беше на насловите страници во летото 1997 година кога принцезата Дајана беше фотографирана на бродот во друштво на Ал-Фајед. Неколку недели подоцна, тие загинаа во сообраќајна несреќа во Париз, кога нивниот автомобил управуван од шофер удри во столб во тунелот Алма додека бегаа од папараците.
Тоа лето Дајана беше фотографирана и на „Сокар“, јахта која тогаш беше во сопственост на таткото на Ал-Фајед, Мохамед.
„Куџо“ е направена во Италија во 1972 година за Џон фон Нојман, бизнисмен кој своето богатство го заработил продавајќи автомобили Порше и Фолксваген во САД.
Тој ја поскала најбрзата јахта на светот, а во пресрет му излегло италијанското бродоградилиште „Баљето“ кое го опреми со два 18-цилиндрични мотори кои обезбедуваат максимална брзина од 40 јазли.
По неколку години, Ван Нојман го продаде на синот на Аднан Кашоги, трговец со оружје, кој подоцна му го продаде на Ал-Фајед, негов братучед.