Девојка се пожали на „Тик ток“ дека обезбедувањето во клуб на плажа на грчкиот остров Миконос и забранил на нејзината тетка да влезе во клубот, со образложение дека била премногу дебела.
Девојката која го објавуви случајот на „Тик ток“, е под името bellatirico. Таа им се пожали на фановите за непристојниот однос на персоналот во популарниот клуб.
„Обично никогаш не објавувам вакви работи, но премногу сум вознемирена и морам да го споделам искуството што го имав на Миконос“, напиша таа.
„За време на одморот со тетка ми решивме да го посетиме Скорпиос, клуб на плажа за кој имаме слушнато многу. Не ни сонував дека оваа посета ќе се претвори во инцидент што не остави без зборови“, продолжи таа, објаснувајќи дека тетка ѝ е многу убава жена, но вратарот ѝ рекол дека не може да ја пушти внатре.
„Причината? Тие рекоа дека е премногу дебела за да влезе. Таквото однесување е навредливо и неприфатливо. Никој никогаш не треба да суди според изгледот. Не го споделувам ова искуство за да го посрамотам персоналот, туку да ја подигнам свеста за важноста на љубезноста и почитта. Секој е убав и вреден и заслужува почит. Запомнете, вредна е само убавината што ја носиме во себе. Ние шириме љубов, добрина и разбирање, не само на Миконос туку насекаде“, рече внуката, која објасни дека вратарот пуштал девојки во клубот кои немале ни резервација.
На крајот покажа фотографија од тетка ѝ. Фановите биле шокирани, оставајќи и повеќе од 11.000 коментари на видеото. Ѝ порачаа на девојката да остави негативни критики за овој клуб.
„Воопшто не е дебела, убава е. Кога бев во Миконос, келнерот ме праша дали сум Американец затоа што имам многу големи стапала. Носам број 40. Не се срами да ги понижува гостите. Таа е убава и тој треба да се срами. Всушност, тој треба да биде среќен што е во нејзино присуство. Многу ми е жал за девојките кои видоа и слушнаа што се случува, а сепак влегоа во клубот. Да го видев тоа, ќе одев да се забавувам на друго место“, и напишаа тие во коментарите.