Химната на Југославија се слушаше на плажа во Улцињ, а многумина од туристите во знак на почит станаа и стоеја во место. Откако заврши почнаа да аплаудираат. Мештаните велат дека химната се пушта секој ден во лето точно во 18 часот.
Улцињ е град во југозападниот дел на Црна Гора, на Јадранското Море, и е познато туристичко место уште од Југославија. Околу 70% од жителите, од вкупно десетте илјади, се етнички Албанци.
За потсетување, „Еј, Славени/Hej, Sloveni“ беше официјалната химна на Југославија. Напишана е од словачкиот свештеник Самуел Томашик во 1834 година како химна на панславизмот. Музиката е заснована на химната на Полска. По распаѓањето на Југославија беше химната на СР Југославија, а подоцна и на Србија и Црна Гора.
Zavrsetak “ radnog” dana na plazi Mojito.. u Ulcinju.. dnevno.. pic.twitter.com/XwS1Tvsdw1
— Bogdan Tanjevic (@BogdanTanjevic) August 3, 2023