Аренби пејачката Бијонсе во моментов е на турнеја во повеќе држави во Америка и Европа. После седум години пејачката е на музичка турнеја, откако го објави нејзиниот седми музички албум „Ренесанса“.
Бијонсе турнејата ја започна на 10мај во Стохолм, а во рамките на турнејата таа треба да опфати 42 града во Европа и Северна Америка.
Барби лудилото во светот не ја одмина ниту Бијонсе па ареби дивата на концертите во Њу Џерси, Минесота и Тенеси носеше стајлинг со бојата на Барби.
Во четири нијанси на розово, искомбнирани со аксесоари и препознатливите кореографии на пејачката уживаа фановите на Бијонсе на концертите во овие градови.