(Видео) Новак Ѓоковиќ направи хаос на концертот на Владо Геогиев: се соблече на дождот, играше па го прегрна пејачот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се уште ужива во Црна Гора иако веќе почна да тренира за продолжението на сезоната и турнирот во Синсинати каде ќе се врати на терените.

Тој и неговата сопруга Јелена ја искористија приликата да отидат на концерт на Владо Георгиев, каде одлично се забавувале. Публиката воодушевено ги поздравилаНовак и Јелена, а ден подоцна социјалните мрежи беа преплавени со видеа од забавата.

Новак бил во елемент, па во еден момент кога почнало да врне, станал, ја соблекол маицата и почнал да ја врти, па дури и Геогиев изрегаирал со насмевка на гестот на Ѓоковиќ.

Новак седел покрај бината со Јелена, а во еден момент му пришол на пејачот и се гушнале.

 

Scroll to Top