Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ во саботата пеела во клубот „Хавана“ во Мостар, а според босанските медиуми дошло до пукање.
Како што е потврдено за медиумите од Министертсвото за внатрешни работи, пукано е од пиштол, а полицијата извршила увид на терен.
„Ситуацијата е под контрола, нема повредени од употреба на огнено оружје“, изјавиле за медиумите.
По инцидентот сите го напуштиле клубот.
„Се гледаме во Мостар, едвај чекам“, им порача пејачката на своите фанови пред настапот.
Пријовиќка е сопруга на посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ. Фолкерката го распродаде својот концерт во загрепската Арена на 1 декември, а веќе следниот ден најави уште еден.