Фејсбук профилот на македонската фудбалска репрезентација е преземен од кинески хакери. Наместо објави од фудбалерите на ѕидот на Фејсбук се објавени повеќе слики од азијатки.
На моменти има и вклучувања во живо на фејсбук профилот.
Се слушаат и се гледаат машки ликови кои најчесто говорат на некој од дијалектите на кинескиот јазик.
Од ФФМ се уште се немаат официјално објаснување за тоа што се случува со страницата на фудбалската репрезентација, додека од МВР најавуваат информација во попладневните часови.