Маж од Хрватска стана хит на социјалните мрежи откако решил да дојде до соседот користејќи го базенот на своите деца како чамец за време на поплавите предизвикани од невремето. Поплавите кои пред неколку дена ја зафатија Словенија стигнаа и до Хрватска. Една од првите на удар беше Општина Брдовец, која беше поплавена од реката Сава.
Меѓутоа, и во ваква тешка ситуација, локалното население најде начин да се смее и да се забавува. Еден од жителите на ова место решил да весла кај својот сосед во детскиот базен.
Во групата на која беше објавено видеото на социјалните мрежи се појавија многу мештани кои напишаа: „Браво комшија“, „Браво Марко“, „Вистински комшија“.