Поп-пејачката Калиопи со емотивна објава се сеќава на нејзиниот татко Панди, кој почина минатата година.
Пејачката ја опиша средбата помеѓу нејзиниот татко и хрватската пејачка Тереза Кесовија, кога во 2003 година таа одржала концерт во Скопје. Калиопи со Панди седеле во првите редови во Универзалната сала, каде Кесовија имала концерт, кога одеднаш нејзиниот татко го снемало, и одеднаш се појавил на сцената.
„Во еден момент тој исчезна, мислев отиде во тоалет. По неколку минути се врати со букет цвеќе кое веројатно го оставил во кола, за да и го даде по концертот. Но, понесен од нејзината емоција, во еден момент само го видов на сцена со букет и ми беше многу незгодно. “Ај, што правиш таму тато???”
Денес сум пресреќна што постои ова видео, што МТВ го овековечи овој концерт, затоа што сега сфаќам колку ми беше неоправдан срамот тогаш и колку сум горда и среќна што имав таков господин и шармер за татко. Тато веќе го нема, но би бил исклучително горд на неговата врсничка , која сеуште жари и пали со својата уметност, глас и емоција. Токму како што тој тогаш кажа: “Цвеќето на цвеќе стои. А љубовта е сеуште жива кај неа”. Респект, драга моја“, напиша Калиопи.