(Видео) Бритни танцува на шипка и не ѝ е гајле што синовите се срамат од неа

Бритни Спирс играше на шипка ѝ покажа колку е среќна периодов. Пејачката танцуваше во долна облека со леопард принт и долги ракавици, а на себе носеше и црни чизми до колената. Танцуваше на песната Closer на бендот Nine Inch Nails.

„Оваа шипка ја добив пред два дена и синоќа првпат ја пробав“, рече Бритни која како што пренесоа медиумите наводно неодамна имала средба со синовите Шон и Џејден кои биле засрамени од нејзините објави на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Адвокатот на нејзиниот бивши партнер,, Кевин Федерлајн рече дека децата биле во контакт со мајка им пред неколку недели, но и дека оттогаш тројцата се преселени на Хаваи. Додаде и дека уште минатата година Џејден и Престон не дојдоа на нејзината свадба со Сем Асгари, затоа што се срамеле од неа.

„Така одлучија и решија да не ѝ дојдат на свадбата. Поминаа неколку месеци откако последен пат се видоа“, рече тој.

Асгари по свадбата на Бритни застана во нејзина одбрана и рече дека нејзините објави на „Инстаграм“ се безопасни и додаде дека синовите не треба да се срамат, туку да се гордеат со неа.

Scroll to Top