Дино Мерлин (60) неодамна настапи во арената Пула како дел од турнејата „Ми“. Тој ги сподели и своите искуства од концертот.
„Ова е голем настан за мене. За малото момче од Миљацка кое сонуваше големи соништа, но сите соништа се возможни, верувајте ако сте упорни и ако навистина искрено ги сакате“, изјавил пејачот за ИН Магазин.
На сцената е скоро 40 години, го слушаат сите генерации, а распродадените концерти не се ништо необично. Така билетите за Пула арената биле распродадени по само неколку дена.
„Тоа е нешто неверојатно, не можам да објаснам, но едно знам – дека само имам мала нервоза и дека сум многу одговорен и благодарен на луѓето кои се таму и кои ме следат сите овие години“, признал Дино.
Многумина пејачот од Сараево го нарекуваат музички волшебник. Признава дека прекарот воопшто не му пречи.
„О не, луѓето сакаат да даваат имиња на разни работи. Ако е нешто што ги радува, добро сум“, открил Дино.
Инаку пејачот во ноември ќе одржи четири концерти по ред во Белград.