(Видео) Емотивен момент на Северина и синот на нејзиниот концертот во Блато

Пејачката Северина на концерт во Хрватска имаше емотивен момент со син ѝ, Александар додека ја пееше песната „Роѓено моје”. На настапот се сврте кон Александар кој стоеше до бината и покажа кон него, а потоа го прегрна.

Северина имаше концерт во Блато на Корчула, а на островот со неа беше и Александар, кој ја поддржуваше. Овој момент особено ја трогна публиката, но и бројните гледачи кои видеото го видоа на Инстаграм и  Тик ток.

@_severina_vuckovic Rodjeno moje💙 njen Aleksandar🫂 #severina #aleksandar #blato #korcula #sin #foryou #viral #fypシ #viralvideo #fyp ♬ original sound – Severina

„Ме расплакавте“, „Браво за мама Северина“, „Браво за вас двајца“, „Детето е со мајката“, „Браво жено“, се дел од коментарите.

Пред овој настап, Северина му ja исполни желбата на син ѝ. Александар ја замоли да ги убеди родителите на другарите да ги пуштат на нејзиниот концерт, па Северина кога ги посети им објасни дека организирала автобус за децата да ги вратат од концертот и дека нејзини пријатели ќе се грижат за нив.

„Мамо, можеш ли да ги убедиш родителите на моите пријатели да одат вечерва од Врник во Блато на твојот концерт? Па, каква мајка ќе бев синко, ако не ти ја исполнaм желбата“, напиша пејачката.

@severina.vuckovic “Mama, je l’ možeš nagovoriti roditelje mojih prijatelja da idemo večeras s Vrnika u Blato na tvoj koncert?” Pa kakva bih ja to, sine, bila mama da ti ne ispunim želju… #vrnik #blato #korčula #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina #fyp ♬ original sound – Severina

За потсетување, Северина со години се бореше за старателството на синот што го има со поранешниот сопруг Милан Поповиќ.

Scroll to Top