По кратко боледување, ненадејно почина познатиот саксафонист и кларинетис, Илми Мустафов. Илми беше син на легендарниот Ферус Мустафов и член на групата „Огнени момчиња“, а во тридецениска кариера има снимено многу ора и чочеци.
Веста ги погоди голем број негови пријатели и колеги кои веќе на социјалните мрежи почнаа да се простуваат од него. За потсетување, Илми почина неполни три месеци по татко му Ферус, а според последните инфрмации погребот ќе се одржи на 17 август.