Вероника Греј во средата во Австралија е осуден на двегодишна условна затворска казна затоа што им испраќал поштенски пакети со неговата урина на холивудските актери Леонардо ди Каприо (48) и Џаред Лето (51). Содржната била откриена и Греј разоткриен, кога еден од пакетите случајно се истурил врз поштарот. Според австралиските медиуми Греј им испратил 20 поштенски пакети.
Содржината на примателите им била претставена како слатки за Валентајн. Судијата Дин Потер ги осуди постапките на Греј, објаснувајќи дека тие ја нарушиле работата на локалната пошта, објави ABC.
Психијатрискиот извештај доставен до судот покажа дека Греј боледува од ментално растројство, а неговиот адвокат рече дека не сакал да ги вознемирува актерите, туку сакал со нив да ја сподели својата страст за заштита на животната средина.