(Видео) Ник Џонас падна во дупка на сцена на концертот во Бостон

Ник Џонас доживеа несреќа на сцената на концерт во Бостон. Пејачот падна во дупка на бината и за среќа мина без повреда. „По ова некој ќе добие отказ“, се пошегува мажот од публиката кој го сними инцидентот. По инцидентот Џонас брзо стана и продолжи да пее.

Со браќата Џо и Кевин моментално се на турнеја во САД. Потоа ќе продолжат во Европа. Триото го основаа бендот во 2005 година, а се здобија со популарност по истоимената серија што се емитуваше на „Дизни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonas Daily News (@jonasdailynews_)

За потсетување, Ник во 2018 година се ожени со индиската актерка Пријанка Чопра (40), која победи на изборот за Мис на светот во 2000 година.

„Многу сум среќен што те имам. Честитки за почетокот на неверојатната турнеја. Сите ве очекува лудо возење. Добро завршена работа од тимот на Jonas Brothers, бендот, екипата. Концертот беше неверојатен и инспиративен“, му напиша Пријанка на Ник по првиот концерт од турнејата.

 

Scroll to Top