Италијанската премиерка Џорџа Мелони на одмор во Албанија: Еди Рама со кафе и посака добредојде

Премиерката на Италија Џорџа Мелони, одмара на албанското крајбрежје. Според италијанските медиуми, Мелони пристигнала со брод во Валона, заедно со нејзиниот партнер Андреа Џамбрун и ќерката.

„Премиерката отпатува за Албанија, каде имаше и приватна средба со Еди Рама. Мелони помина два до три дена во Албанија со семејството. Мелони ја прифати поканата на Рама да го посети албанското крајбрежје, кое во текот на летото го посетија околу 500.000 Италијанци“, пишува „Скај Италија“.

И премиерот на Албанија на Инстаграм сподели фотографија со Мелони.

„Албанска сестра. Благодарам Џороџа, ми беше голема чест“, стои на Инстаграмот на Рама.

Премиерите на Италија и Албанија, Ѓорѓа Мелони и Еди Рама, неколкупати отворено зборуваа за тоа како негуваат исклучително добри односи.

Така Мелони решила дел од одморот да го помине во Албанија.

 

Scroll to Top